Friday, February 28, 2020

Рецепт за американски палачинки...



Кој не сака палачинки? Палачинките се одлични за појадок или за десерт во кој било период од нашиот ден. Неограничен е бројот на комбинации за сервирање, а нивниот вкус лесно можете да го менувате во однос на вашите желби.


СОСТОЈКИ
Image result for американски палачинки1 шолја брашно
2 големи лажици шеќер
2 мали лажички прашок за пециво
1/2 мала лажичка сол
1 шолја млеко
1 големо јајце
2 големи лажици растопен путер или масло за јадење

ПОДГОТОВКА

1.Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ѓи шеќерот, солта и пецивото.Промешајте

2.Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу.  Додајте ѓи млекото и растопениот путер и промешајте.

3.Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно измешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има и мали грутчиња.

4.Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер.

5.Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма(со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја(околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.

6.Палачинките се редат по неколку една над друга и се преливаат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди,малини,банани и сл.

Тоа е се за подготовка на американски палачинки.
На здравје!

2 comments: